Информативно пано со едноставен и делотворен облик кој имплементира динамика во секоја урбана средина. Неговата минималистична морфологија придонесува лесно и функционално пренесување на порака и/или информација. Во зависност од неговата местоположба, конститутира еднострано, односно двострано обликување на површината. Изработено од челичен лим, комплетно обработено на ЦНЦ плазма, со електростатичко фарбање како завршна облога на продуктот.
Информативното пано е достапно во две димензии: 50/150/10cm и 85/150/10cm – со формат на изложбен простор: 40×130cm и 75×130cm.